Македонија

ЛЕВИЦА со отворено писмо до институциите на ЕУ – бара осуда за ФАШИСТИЧКИТЕ КЛУБОВИ

„Трендот на отворање клубови кои носат имиња на фашистички дејци со цел рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот во нивните современи облици мора да престане!“ стои во писмото до ЕУ од Политичката парија Левица.

„Сведоци сме на сервилното однесување на владејачката елита, која преку недејствување допринесува овој негативен тренд да се шири, што остава чувство на горчина и несигурност кај македонскиот народ.

Во целосно отсуство на претставување на вистинската слика за тоа што земја-членка на ЕУ, прави во трета држава, во услови кога државната политика на Република Македонија зема поданичка форма која ги става народот и државата во подредена положба на идеите за кои сметавме дека се победени во 1945 година, Политичката парија Левица одлучи, во име на македонскиот народ, чиј глас никогаш не е претставуван од актуелната власт, да испрати отворено писмо во кое ја претставува положбата во која се наоѓаат македонскиот народ и држава.

Имајќи ги во предвид резолуциите на ООН како највисок орган во светската политика кои ја осудуваат секоја форма и појава на фашизам и нацизам, како и Резолуцијата за подемот на неофашистичкото насилство во Европа донесена од страна на Европскиот парламент во 2018 година од една страна, како и молкот и изјавите на претставници на институциите на Унијата, кои во изминатиов период активно учествуваат, го набљудуваат и оценуваат односот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Левица образложувајќи ги дејствијата во Македонија од бугарска страна, побара:

Највисоките и релевантни институции на Европската Унија да го обелоденат нивниот став по ваквите случувања и јавно да ги осудат дејствата на Бугарија за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници со антисемитска, фашистичка и антимакедонска идеологија во трета земја преку злоупотреба на нејзините права на вето како земја-членка на ЕУ“, се вели во отвореното писмо до институциите на ЕУ од Политичката партија Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago