На 13ти Октомври се навршува една година од моментот кога го изгубивме нашиот драг другар, колега, алпинист Zoran Majstorski, ја започнува својата објава алпинистот Dario Milossevich, во која продолжува:
„Човек кој остави длабока и неибришлива трага во историјата на Македонскиот алпинизам. Секако еден од најдобрите апинисти на сите времиња на овие простори. За речиси 30 години тој позади себе остави многубројни насоки (првенствени и опремени), направи многу искачувања надвор од нашата земја кои имаат огромен придонес за афирмација на Македонскиот алпинизам во светски рамки, но исто така и голем дел од својот живот го посвети на своите ученици делејки го несебично со нив своето огромно искуство и знаење. Нам ни останува неизмерна тага и болка до ср’ж за прерано загубениот другар, но исто така и одговорност за го зачуваме неговото дело и никогаш да не дозволиме неговото име да падне во заборав. Ниту од нас, ниту од новите генерации кои допрва доаѓаат. По овој повод ви ја претставуваме новата насока во Демир Капија која го носи неговото презиме, но во исто време го отсликува начиниот на кој тој масторски се движеше по карпите и планините секогаш наоѓајќи го вистинскиот пат.
Насоката МАЈСТОРСКИ е само еден мал допринес за да кажеме ти благодариме за се што направи Зоки, ти секогаш ќе живееш во нашите срца. Се надеваме дека во иднина ќе успееме да сториме уште многу работи кои ќе го слават неговото дело.Исто така ја каниме целата качувачка заедница, а и сите останати пријатели викендот 15-16 Октомври да дојдат во кањонот на Демир Капија, каде заедно ќе направиме искачувања на истата насока во спомен на нашиот другар Зоран Мајсторски“, стои во објавата.
Име на насока: МАЈСТОРСКИ Локација: Демир Капија, сектор Kin-Dza-Dza