Ранчиња и комплет прибор за сите првачиња во Општина Радовиш, донација од компанијата Адора инженеринг
Со заедничка иницијатива на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и проф, д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг како и заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец, беа обезбедени 280 ранчиња за сите првачиња во Општина Радовиш.
По тој повод градоначалникот Ристов и проф, д-р Ванчо Чифлиганец денеска ги посетија двете училишта Никола Карев и Крсте Петков Мисирков во Радовиш и лично им ги подарија ранците на првачињата, притоа им посакаа среќен почеток на 280 првачиња од Радовиш со ранци и комплетен училишен прибор за да редат големи успеси во учењето и во животот и успешна учебна година.
На радоста на
првачињата и немаше крај, а добија и многу поучни пораки.
„Сакани
првачиња не можам да Ви опишам колку пријатно се чувствувам што сум денес со
Вас и што барем за еден момент ме вративте 60 години назад, на моите неполни 7
години кога зачекорив во училиште, кога прв пат седнав во школска клупа. Како
Вие денес на вашите пионерски години, исполнети со радост, со фантазии, кога
сонувате што ќе бидете во иднина, во вашиот светол живот.
До пред само неколку дена си игравте со вашите другарчиња во дворовите, на игралиштата, бевте механичари (сигурно сте ги поправале и расклопувале вашите играчки-автомобили) во вашите игри бевте и инженери (градевте кули од песок) докотори, медицински сестри, учителки, полицајци, а денес сте веќе во школските клупи каде што треба да научите, да стекнете знаења за да Ви се остварат Вашите желби, беа само дел од пораките кои ги упати до првачињата проф, д-р Ванчо Чифлиганец.
Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов од срце им го честита почетокот на учебната година на првачињата на кои им посака многу нови другарства и многу знаења за да се развијат во чесни и одговорни личности. Тој се заблагодари на донаторот проф, д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг како и заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец, со надеж дека како во образованието наскоро ќе остварат соработка и во бизнис секторот, се за доброто на Радовиш.
Директорите на двете училишта се заблагодарија за вредната донација.