Радовиш

Советот на општина Радовиш ја одржа 15 работна седница

Советот на општина Радовиш ја одржа 15 работна седница за која беше предложен дневен ред од 35 точки, и дополнување на дневниот ред од две точки.

После отварањето на седницата од страна на Претседателката на Советот Моника Трајанова поради немање комплетни информации за дел од предложените точки, се повлекоа пет точки од дневниот ред, кои ќе бидат на следната седница повторно предложени.

Поради отсуство на градоначалникот Ацо Ристов советниците ги оставија советничките прашања за наредната седница за да можат да добијат одговор од градоначалникот за се што ги интересира.

На седницата беше презентиран и извештајот на ПС ОН Радовиш, за состојбата во јавниот ред и мир и во областа на сообраќајот за периодот од 01.01.2022 до 30.06.2022 година.

На оваа седница беа донесени и неколку предлог одлуки за давање согласност на Годишниот план за вработување во јавните и образовни институции во општината како и усвојување на годишните извештаи за работа на овие институции.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago