Од 1131 направен тест во изминатите 24 часа, има 381 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број позитивни, 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ дополнително се евидентирани четири починати со датум на смрт од 18 до 21 август.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, 173 од новодијагностицираните се од Скопје, останатите од другите градови во змјата меѓу кои од Гевгелија 15 нови случаи, Струмица 8, Радовиш 6 и Валандово 4.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58) и Охрид (67) кои починале во болнички услови. Преку Регистарот од „Мој термин“, од 18 до 21 август починале четири лица од: Скопје (62), Кочани (73), Свети Николе (86) и Ресен (64г. Две лица починале во болница и две во домашни услови.
Во изминатото деноноќие се регистрирани 775 оздравени пациенти.
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјав од почетокот на епидемијата изнесува 338 929 од направени 2 145 675 тестирања на КОВИД-19. Оздравеле 326 990, починале 9461, а активни случаи има 2478.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни случаи по градови во Југоистокот изнесува: Струмица 8732, Активни 52 , Гевгелија 4815, Активни 72, Радовиш 2819, Активни 35, Валандово 1593, Активни 8, Богданци 1088, Активни 8 и Дојран со ниту еден активен случај.