Македонија

Грозјето ќе се продава по цена повисока за 3 денари во споредба со ланските цени, најави Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претставниците на здруженијата на лозари и винариите одржа состанок на кој се разговараше за овогодинешната откупна цена на грозјето.

По долги и исцрпни консулатиции, потигнато е до сега историско најголемо зголемување од 30% на откупната цена. Овогодишеншата откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно 3 денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето, соопшти МЗШВ.

„Светската криза предизвикана од војната во Украина предизвика сериозно зголемување на трошоците и на лозарите, но и на винариите и токму затоа како министерство преку подсекторската група за грозје и вино сме во постојана комуникација со лозарите и винариите и заеднички ги креираме мерките за поддршка на овој сектор.

За нас како министерство, но и за државата од стратешка важност е винскиот сектор чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија.

Финасиската поддршка за лозарството која МЗШВ ја обезбедува преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади изнесува 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 ха до максимум 10 ха.

Лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која достигна и до 100%, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интерветните мерки.  

Не ги оставивме сами лозарите и во услови на КОВИД кризата, кога за 2020 и 2021 година преку повеќе мерки во изност од  649 милиони денари ги помогнавме лозарите. Поддршка обезбедивме и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои го помогнавме транспортот при извозот на вино.

Успеавме последниве 10 години да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Бележиме веќе трета година по ред и континуиран раст на извозот на вино како во количина така и во вредност“, стои во соопштението од МЗШВ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago