Православните верници го слават верскиот празник Преображение Христово
Денеска православните верници го слават верскиот празник Преображение според кој на гората Тавор Господ Исус Христос се пеобразил и ја покажал својата божествена природа, пред тројца свои ученици.
Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.
Во мигот на Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го дознае своето потекло, да види чиј образ тој го носи, во каква слава, и чест, и убавина е создаден и кон што е повикан.
По тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш денеска се одржа
божествена литургија и се освети грозјето . Преображение
спаѓа во Христовиот пост на кој задолжително се пости и за прв пат се каснува
горзје.
Преображение
Господово е еден од оние осум големи христијански празници кој секоја година се
слави на 19 август, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се
преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен.
Овој празник секогаш паѓа
во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и
риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на
гробовите за покој на душата.
Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.