Валандово

Еднократна помош во висина од 20.000 денари на лицата со попреченост во Општина Валандово

Општина Валандово ќе додели еднократна помош на лицата со попреченост во висина од 20.000 денари, средства кои ќе им бидат добредојдени на овие семејства во период на економска криза и високи цени на сите производи.

На наредната седница на Советот на Општина Валандово на дневен ред ќе биде нова еднократна субвенција, наменета за помош на лицата со попреченост од нашата заедница.

Финансиската поддршка е во висина од 20.000 денари, истата е инклузивна и праведна, опфаќа повеќе групи на лица со попреченост и ја зајакнува солидарната компонента во заедницата, стои во објавата на градоначалникот Перо Костадинов.

За таа цел во ребалансот на Буџетот се планирани околу 1.6 милиони денари.

„Си подаваме рака еден кон друг, си помагаме кога е потребно и градиме хумана и емпатична заедница, во која има место за секој човек. Тоа е идеалот во кој веруваме и од кој не се откажуваме“ вели Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago