Македонија

ОМД побара извинување од Ескобар за употребата на “северномакедонците”

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас на македонците ширум светот со седшите во Вашингтон, во петокот испрати протестно писмо до Стејт Департментот на САД со реакција околу употребата на “северномакедонците” од страна на заменикот државен секретар задолжен за Балканот Габриел Ескобар и побара јавно извинување кон македонскиот народ. 

„Во петокот за време на прес конференција, Ескобар изјави дека “северномакедонците се Европејци” без да се самокорегира или некој од новинарите да се побуни за време на прес конференцијата. Ескобар е скоро две години на функција и имал ред состаноци со македонски соговорници, вклучувајќи Стратешкиот Дијалог на 2 јуни 2022 година, и сме зачудени дека таква “грешка” би направил. По потпишување на неуставниот Преспански договор во 2018 година, се почесто меѓународната заедница го користи зборот “северномакедонците,” кој е спротивно на самиот договор, а и навредувачки кон македонскиот народ кој е во мнозинство против Преспанскиот договор. Користење на зборот “северномакедонците” ја продолжува долгогодишната дискриминација кон македонскиот народ и ги згрозува нашите човекови права внатре и надвор од државата. ОМД се соочува со овакви примери на дневно ниво и како и досега, така и понатаму секогаш ќе ги корегира ваквите изјави на официјални лица или надписи на медиуми кои погрешно ќе адресираат до Македонската нација и држава“, стои во реакцијата од ОМД.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago