,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022
ЖФГ „Радовишанки етно“ беа дел од 52
издание на Фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во Битола, кој годинава започна на 18
јули и се одржуваше до 30 јули, под
мотото „Од корените до цветот”.
ПРВО
МЕСТО за најуспешна група која презентираше традиционална музика и
игра беше доделена на ЖФГ „Радовишанки етно” од Радовиш, што
беше највисока награда на Меѓународниот фолклорен фестивал ,, ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-БИТОЛА 2022, од
страна на стручното жири во кое членуваа д-р
Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким
Рамадани и м-р Христијан Николовски
52-то издание на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ заврши со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.
Награда
за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД
„Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби
награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска
членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД
„Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна
изворна носија.
52 -то издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата траеше 12 фестивалски ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година.
Вкупно беа одржани 61 настан кои понудија
неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги,
филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции …
Вкупно имаше 1.300 учесници и гости од 7 земји учеснички. Беа поставени 3 паралелни сцени и целиот град беше претворен во отворена сцена за настап.
Фестивалот
ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост
на овој стар Фестивал.
Мотото на фестивалот е оправдано • Од коренот до цветот• потврдуваат од Центарот за култура, Битола.