Од октомври ќе започне изградбата на новиот „Градски Пазар“ во Радовиш, советниците ја поддржаа предлог- одлуката за негово финансирање
Едногласно од страна на сите присутни советници
беше усвоена Предлог Одлуката за финансирање проектот „Градски Пазар“
во Радовиш, а кој беше
презентиран од страна на Градоначалникот Ацо Ристов.
На денешната 14 -та седница
на Советот на Општина Радовиш на дневен ред беа 41 точки, меѓу кои голем број на Предлог Решенија,
Предлог Програми за кои Советниците дебатираа и ги разгледуваа, а беа поставени и
неколку советнички прашања кои ги засегаат граѓаните.
Советници на денешната седница едногласно ја поддржа
предлог одлуката за домашно долгорочно задолжување на Општина Радовиш за финансирање
на проект „Градски Пазар“, капитален проект кој градоначалникот Ацо Ристов го
ветуваше во предизборната програма и кој ќе започне да се реализира од месец
октомври. Најпрво градоначалникот Ристов изврши презентација на проектот Градски
пазар која е прва капитална
инвестиција на барање на граѓаните како приоритетна. Проектот ќе содржи три
содржини, зелен простор, деловен простор и паркинг простор. Со него ќе стопанисува
Општина Радовиш.
За оваа инвестиција вредна околу 1 милион евра општината ќе мора да се задолжи по пат на кредит, но како што рече градоначалникот Ристов во неговата презентација, со продажбата на деловните простории кредитот ќе биде вратен многу брзо.
Конечно Радовиш ќе добие современ градски пазар како што
доликува на едно урбано место, а со тоа ќе бидат обезбедени и дополнителни 104
паркинг места.