Радовиш

ТППЕ од Радовиш со предупредување за екстремно високите температури

ТППЕ од Радовиш со предупредување до граѓаните за екстремно високите температури кои го зафатија регионот во овој период.

„Во централните и југоисточните предели, кои се најтопли, температурите за викендот би можеле да се искачат дури и над 42 степени. Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари“, стои во апелот од пожарната од Радовиш.

Кон препораките се приклучува и Општина Радовиш од каде апелираат кон граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од пожари и за заштита на своето здравје од високите летни температури.

Инаку Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност со коефициент околу 10, па затоа на граѓаните им се советува да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, да не излегуваат од 11 до 17 часот доколку неморат, но и да пијат што повеќе течности.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago