ЈП Плаваја со апел до корисниците од Шаин Маало, Корчо Маало, Коџа Баир и од крак од Калузлиска за разумо и одговорно трошење на водата за пиење и да не ги оставаат чешмите да течат непрестано и без потреба.
„ Во последните денови како резултат на неповолната хидролошка состојба која се случува во последните неколку години намалена е издашноста на водозафатите од кои се полни резервоарот “Коџа Баир” од 85 l/s на 41,7 l/s.
Поради
Вашето неодговорно трошење на водата не сме во состојба да одржуваме соодветно
ниво на вода во резервоарот бидејќи водата едноставно истекува и истата се
регистрира како количина во канализациониот систем.
Затоа
најучтиво Ве замолуваме да ја користите водата разумно и совесно, да не ги оставате
чешмите да течат непрестано и без потреба.
Во моментот Вашата потрошувачка изнесува 70 l/s и не може да бидат задоволени високите зони од реонот кој е наведен во апелот“ велат од Јп Плаваја.
„Доколку не се нормализира потрошувачката ќе воведеме рестрикции на водата на тој реон кои ќе траат и по 12 часови со цел да го наполниме резервоарот во двете комори до максимална висина од 6 метри, кои Вие ги празните со брзина од 2 m/h и за три часа го празните целиот резервоар, а водата не успева ни да стигне до високите зони“ стои во Апелот од ЈП Плаваја, Радовиш.