Уставен суд на Република Северна Македонија го укина членот 12 од Законот со кој Влада на Република Северна Македонија , градежните работници сакаше да ги направи робови, а Министерство за труд и социјална политика го дозволи тоа без ова решение да се разгледува на Економско социјалниот совет, информираат од Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ).
„Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна МакедонијаВо членот 12 меѓу другото е предвидено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.
Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот.Подносители на иницијативите: ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и СГИПРМ претставуван од претседателот Иван Пешевски, и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од Кристина Ампева“, соопштуваат од ССМ.