Радовиш

Крводарителска акција во Црвен крст-Радовиш, се препорачува крводарителите пред да даруваат крв добро да се хидрирани

 Во ОО на Црвен Крст во Радовиш денеска се одржа една од редовните крводарителски акции на која уште во утринските часови имаше голем интерес. Поради високите летни температури во овој период од годината д-р Лујза Димитрова препорачува крводарителите подготвени да доаѓаат за да даруваат крв, добро хидрирани и со лесен појадок.

Пиење на многу течности пред се вода, лесна храна и избегнување движење на отворено во текот на денот, се препорачува и за останатите граѓани за да се заштитат од летните горештини во овој период.

Инаку според ОО на Црвен крст Радовиш, денеска се организира десеттата крводарителска акција и досега бројот на крводарители  задоволува.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago