Гевгелија

Со две претстави за деца и возрасни, започнува „ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“

Oд денеска (4 јули, 2022 година), започнуваат да се реализираат активностите од програмата за културната манифестација „Гевгелиско културно лето“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Пионерски дом- Гевгелија и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија.

Денеска, со почеток во 19:00 часот, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, по вторпат ќе биде изведена „Волшебното кутивче“, во која учествуваат дечињата, членови на Драмската секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.

По завршувањето на детската претстава, на сцената во Народниот театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажано второто издание во Гевгелија на хит-комедијата „Име“ од сопствената продукција на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а во изведба на возрасната група членови во Драмската секција.

Влезот за претставата чини 150 денари.

Утре (5 јули, 2022 година), „Гевгелиско културно лето“, продолжува со Концертот на дуото Влатко Сапламаев и Кико Раденов, со изведба на домашна и странска музика. Концерот ќе биде одржан на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.

Покровител на „Гевгелиско културно лето“ е Општина Гевгелија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago