Со
зголемување на температурите и започнувањето на летните горештини кои ни се
случуваат секоја година започнува и енормното зголемување на потрошувачката на
вода.
„ Почитувани корисници НАЈУЧТИВО
ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ВОДАТА ДА ЈА КОРИСТИТЕ ИСКЛУЧИВО ЗА ПИЕЊЕ И ПОТРЕБИ НА ВАШИТЕ
ДОМАЌИНСТВА“, апелираат од ЈП Плаваја, до граѓаните на
Општина Радовиш.
„Почитувани жители на општина Радовиш,
Зачестена е појавата на употреба на водата и за други намени, најчесто за полевање на земјоделски површини и насади. Додека Вие таквите несовесни корисници и крадци на вода ги полевате Вашите насади кај нашите корисници кои живеат на високите зони, некоја мајка плаче затоа што нема вода да го избања своето дете и да му приготви јадење, некои младинци се нервираат и одат по роднинските куќи за да се истушираат пред да излезат на прошетка додека вие ги туширате Вашите насади со украдена вода!
АПЕЛИРАМЕ
ДО СИТЕ СОВЕСНИ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНАТА: ПРИЈАВЕТЕ ГИ КРАДЦИТЕ!
Екипи
на ЈП„Плаваја“ Радовиш се постојано на терен и се трудат да ги пронајдат
крадците особено во населените места Ињево,Воиславци и сите други каде
конзумната количина е зголемена 430%, а не се евидентира како измерена преку
водомерите со далечинско отчитување, што значи се краде и се употребува против
законски без мерни уреди за полевања и наводнувања.
За
разлика од порано сега секој пронајден крадец ВЕДНАШ ГО ПРИЈАВУВАМЕ ВО
ОПШТИНСКАТА КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА И ПОЛИЦИЈАТА кои го процесираат понатаму
согласно позитивната законска регулатива“,
стои во апелот од ЈП Плаваја.
Доколку се продолжи со праксата на несовесно трошење на водата за пиење од Плаваја потенцираат дека е можно да започнат со воведување на рестрикции, со цел заштеди на водата за да може да ги снабдуваат со вода за пиење и нашите сограѓани на високите зони.