Се одржа „Јуручкиот фестивал“, градоначалникот Ристов порача, Радовиш е општина за сите и мора заеднички да се гради
Се одржа традиционалниот „Јуручки фестивал“ годинава на
нова локација во село Бучим, радовишко, во организација на Здружението на
турците од Источна Македонија. На истиот покрај локалното население од
радовишките јуручки села, присуствуваа и голем број поканети гости од земјава и
од Република Турција. Присутните гости ги поздрави и градоначалникот на Општина
Радовиш Ацо Ристов.
“Јуручкиот
фестивал е настан кој покажува дека заедничките културни вредности и традиции
на оваа поднебје се најважната алка на меѓусебната почит, разбирање,
пријателство и соработка помеѓу нашите граѓани”- порача градоначалникот Ристов, на традиционалниот 14-ти по ред „Јуручки фестивал“.
Заблагодарувајќи
се на организаторот КХО на Турците од Источна Македонија и поздравувајки го
присуството на гостите од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република
Турција, градоначалникот посака
оваа традиција да продолжи и најави дека во иднина општина Радовиш ќе
спроведува голем број заеднички проекти, во кои ќе бидат вклучени сите етнички
заедници.
Ќе следуваат заеднички проекти во делот на економијата и вработувањето, екологијата, образованието, спортот, културата и други области, се со цел да го подигнеме нивото на соработка и поубав живот за сите граѓани на Радовиш и населените места“, истакна Ристов. Тој додаде дека Радовиш е општина за сите и мора заеднички да се гради.
На фестивалот свој настап имаа и фолклорни ансамбли кои ги покажаа своите трасдиционални носии и ора.