Од денеска стапува на сила забраната за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Од Општина Радовиш апелираат до граѓаните да ја почитуваат забраната бидејќи се предвидени високи казни, а истовремено со оваа забрана се заштитуват шумите од појава на пожари.
Инаку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, ја воведува забраната со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.
– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од
24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува
во соопштението на „Национални шуми“.
Од таму посочуваат дела оваа
делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за
Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување
со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство
и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански
активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните
служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено
одобрени за движење во шумите.
– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение
издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое
стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека
за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“
кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.
За непочитување на оваа
забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и
шумско земјиште, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во
денарска противвредност.