Гевгелија

Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за млади пијанисти

Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за млади пијанисти, во организација на пијанистот родум од Гевгелија, Глигор Гелебешев. И годинава, Меѓународниот натпревар за млади пијанисти е финансиски поддржан од Општина Гевгелија.

Вчера, на отворањето во хотелот „Аполонија“, Гелебешев им посака топло добредојде во Гевгелија на младите пијанисти од другите градови во државата, како и од Република Бугарија и Косово.

„ Гевгелија по десетти пат е центар, каде се собираат млади музички таленти. Нестрпливо чекаме дечињата да покажат колку навлегле во тајните на интерпретацијата на дела од големите светски, музички имиња, бидејќи поради КОВИД-пандемијата, натпреварот не беше одржан две години по ред“, истакна Гелебешев на отворањето на натпреварот, упатувајќи благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и до хотел „Аполонија“ за поддршката годинава да биде одржан и да биде настан каде младите пијанисти oсвен што ќе свират, ќе се дружат и ќе го негуваат трајното пријателство.

До 16 јуни, младите пијанисти ќе се натпреваруваат во пет категории, а нивните настапи ќе бидат оценувани од страна на стручна жири-комисија, во состав на проф. Милка Митева од Бугарија, проф. Власта Џура од Хрватска и проф. Катерина Гелебешева од Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago