Радовиш

Заврши Mеѓународната радовишка ликовна колонија „Свети Ѓеоргиј“

Заврши седмата по ред Меѓународна ликовна колонија Свети Ѓеоргиј која и годинава се одржа  во организација на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш. Оваа година на колонијата учествуваа 12  ликовни уметници од земјава и странство, од Бугарија и Србија, академски сликари од Македонија како и членовите на „РАДА-ДЛУР .

Претседателот на ДЛУР „Рада“ од Радовиш Душан Коцев додели благодарници на сите учесници и поддржувачи на колонијата.

Ликовната колонија и оваа година беше под покровителство на градоначалникот Ацо Ристов и Советот на општина Радовиш.

Свеченото затварање се одржа во сабота во Музејот на љубовта и уметноста, каде беа изложени уметничките дела кои беа изработени на самата колонија.

Градоначалникот Ристов, упати благодарност до сите кои земаа учество оваа година, со желби оваа традиција да продолжи и во иднина. На ликовната колонија беа изработени 28 уметнички дела.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago