Радовиш

Викендов ќе се одржи Меѓународниот Детски фолклорен фестивал ОРО ВЕСЕЛО-2022, во организација на ФА „Бучим“ од Радовиш

Традиционалниот Меѓународен Детски фолклорен фестивал ОРО ВЕСЕЛО и годинава ќе се одржи во организација на Фолклорниот ансамбал „Бучим“ од Радовиш. Викендов играорците од земјава и странство ќе се претстават пред љубителите на фолклорот во Радовиш и Конче, по 22 -ри пат.

 Во сабота на 11 јуни со почеток во 19 часот на плоштадот Свети Спасо Радовишки ќе се одржи првата фестивалска вечер,  а во недела на 12 јуни свој настап играорците ќе имаат во Конче, со почеток во 19 часот.

Согласно програмата гостите учесници на фестивалот ќе пристигнат во сабота околу 11 часот. Подготвовките за настап и дефиле ќе се одржи во 18 часот. Фестивалот ќе започне во 19 часот со поздравно обраќање на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и директорот на фестивалот Драган Георгиев, по што ќе се одржи првата фестивалска вечер на плоштадот Свети Спасо Радовишки во Радовиш.

На вториот фестивласки ден учесниците на фестивалот во 18 часот ќе имаат прием од страна на градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, дефиле по улиците во Конче и почеток на втората фестивалска вечер со поздравно обраќање на градоначалникот Ристов.

Од ФА „Бучим“, Радовиш ги покануваат граѓаните од Општините Радовиш и Конче, да го проследат овој прекрасен фолклорен детски фестивал кој се одржува по 22 – ри пат.

Фестивалот и годинава е под покровителство на Општина Радовиш и Општина Конче, а поддржан и од Министерството за култура и од рудникот Бучим.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago