Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM, 10 јуни (петок) 2022 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Духовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.
Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.
Во петокот пред Духовден се опеваат покојните, а другиот ден, во саботата, на Задушница се раздаваат даровите кои претходно се купуваат, чаши, крпи, шолји. На гробишта се носат храна, лепче, маслинки, сирење, кашкавал, јагоди и цреши и купените предмети кои се раздаваат на блиски. Во сабота наутро, освен продуктите за раздавање, кои се делат за да му се најде на покојникот, се носи и пченица и вино.
Според некои обичаи во недела на Духовден пред да изгрее сонцето уште во темнината се мијат гробовите на покојните со гранки од маслинки и ореви. На тој начин симболично се мијат починатите роднини. В недела се служи во црквата голема литургија, подот во храмот е послан со лисја од ореви и маслинки.