Радовиш

Во Радовиш, отворена седмата Меѓународна ликовна колонија Свети Ѓеоргиј -2022

Денеска во Радовиш беше отворена седмата Меѓународна ликовна колонија Свети Ѓеоргиј -2022, со изложба на дела од претходните ликовни колонии во Музејот на уметноста и Љубовта.

Присутните гости ги поздрави претседателот на ДЛУР „Рада“ од Радовиш Душан Коцев, кој рече дека на ликовната колонија ќе творат 13 уметници од земјава и странство.

Меѓународната ликовната колонија е под покровителство на Општина Радовиш, а поддржана од ЦК „Ацо Караманов“ од Радовиш и од уште неколку радовишки компании.

„Радовиш има добра уметничка традиција имајќи предвид дека друштвото на ликовни уметници е формирано пред 56 години“, рече градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, кој како што вели секогаш дава силна поддршка на уметноста и културата.

Градоначалникот Ристов ги поздрави присутните уметници, гостите од Србија и од Бугарија и  и посака успешно творење во наредните денови. Преку нивните сликарски умешности им посака да замрзнат дел од времето и од убавините на Радовиш и околината на платно, кои ќе останат во историјата.

Отварањето на Меѓународната ликовна колонија беше пропратено со музика од професорот Јовица Илиќ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago