Валандово

Валандово денеска ќе биде дел од кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”

Порака дека на секое дете му е потребно семејство денеска ќе биде испратена од Валандово во рамките на кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”.

Како што информираат од општината денеска на градскиот плоштад во Валандово, заеднички со Заменикот Министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и згрижувачки семејства од Општина Валандово  ќе бидат дел од кампањата “Подај рака и промени живот – Стани Згрижувач”

Кампањата предвидува општествена мобилизација за подигање на свеста за важноста на програмата за згрижување на деца и иницира создавање систем за одржување на врските на децата со семејството, заедницата и културното потекло.

„Ве повикувам, преку настанот заедно да испратиме силна порака, дека на секое дете му е потребно семејство и заслужува љубов. Да ги охрабриме згрижувачките семејства и да ја поздравиме благородна мисија која ја вршат“ објави градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago