Македонија

Просечната нето плата во земјава надмина 30 илјади денари, но кој го зголемува просекот

Согласно последните податоци од Заводот за статистика, просечната нето плата во земјава надмина 30 илјади денари, за што се пофалија и од Владата.

Но се поставува прашањето кој реално ја зголемува просечната плата и каква е реалната состојба. Според податоците од ДЗС кои покажуваат дека во земајва има професии кои добиваат плати кои се значително повисоки од просечната, но исто така има и дејности и вработени кои имаат пониски плати од просекот.

Најниска просечна нето плата има во секторот Заштитни и истражни дејности каде просекот изнесува 17.790 денари, по што следуваат Услуги со одржувањае згради и дејности за уредување и одржување на животната средина и природа со 19.810 денари, па следува Производство на кожа и производи од кожа со 20.537 денари, Дејности за подготовка на оброци и служење храна 21.421 и производство на облека односно конфекционерство 21.625 денари.

Најголем дел од работоспособното население во Македонија е активирано во Преработувачката индустрија каде што просечната плата според ДЗС достигнува 27.398 денари.

Дека трошоците на граѓаните за основните продукти пораснале покажува и синдикалната минимална кошница која согласно последните податоци објавени од страна на Сојузот на Синдикати на Македонија достигнала 38.104 денари во месец април за четиричлено семејство. На месечно ниво трошоците на граѓаните се зголемиле за 1.337 денари, на ниво од една година трошоците пораснале за 4.128 денари или 12.14 отсто. Притоа најголемо поскапувања е забележано кај продуктите за исхрана и пијалоци, но и кај превозот.

Дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните се зголемија од 30 до 100 проценти реагираат и од ВМРО -ДПМНЕ .

„Цената на струјата ја покачуваат за 30 проценти, цената на горивата за 80%, цените на лебот и брашното за 100%, цената за шеќерот 40%. Млекото е покачено за 50%, маслото за јадење 100 проценти поскапо и така натаму. Ете го одговорот на Ковачевски. Да прекине да ги лаже граѓаните. стандардот на граѓаните е уништен и тоа го гледаат тие самите секојдневно. Стандардот на граѓаните е уништен, економијата е разрушена. Платите изгубија вредноста која што ја имале претходно и тоа благодарение на СДСМ. Така да, да не ги замајуваат граѓаните, да не ја лажат јавноста, бидејќи никој повеќе не им верува затоа што знаат самите граѓани колку им вреди нивната плата кога ќе влезат да пазаруваат во маркет“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago