Радовиш беше домаќин на стрелачки Турнир во дисциплината Олимписки трап „Бучим – Радовиш 2022“
Радовиш беше домаќин на турнирот во дисциплината Олимписки трап „Бучим – Радовиш 2022“ односно стрелање во глинени голуби, кој се одржа на стрелиштето во Радовиш.
Турнирот беше во организација на Стрелачкиот клуб „Бучим“ а во согласност со правилата на Интернационалната спортска стрелачка федерација и тоа на две серии по 25 мети или вкупно 50 мети (глинени гулаби). Добредојде на сите натпреварувачи и поканети гости им посака претседателот на Стрелачкиот клуб Бучим од Радовиш, Коста Поцков.
Турнирот е под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов, кој го прогласи за отворен. Тој им посака успех на сите учесници и да победи најдобриот и рече дека се надева дека и во иднина ќе има млади деца кои ќе сакаат да се занимават со овој спорт и да постигнуваат резултати и надвор од Македонија.
Присутен беше и генералниот директор на Рудникот Бучим Олег Чусовитин, кој од името на ридникот Бучим изрази задоволство што редовно го спонзорираат и поддржувачаат стрелачкиот клуб „Бучим“ од Радовиш и се надева дека овој спорт ќе постигнува и повисоки резултати пошироко во македонија и меѓународно. На турнирот беше присутен и претседателот на Македонска спортска стрелачка федерација Јордан Тасевски кој рече дека стрелаштвото во Македонија започна да гради нова ера и дека резултатите растат, за да пласираат стрелачи на европски и светски првенства.