Велики
четврток се наоѓа во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со
важни настани за спасението на човекот.
На Велики четврток се бојадисуваат велигденските јајца. Јајцето кое е главно обележување на Велигден го симболизира гробот од кој што воскресна Исус Христос а црвента боја неговата крв. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал.
Велики четврток се одбележува во знак на сеќавање на важни свети настани, Тајната вечера, на која Исус Христос ги измил нозете на своите Апостоли, покажувајки пример на братска љубов и смиреност, христовата молитва и предавството на Јуда. Кога светот спиел во своите домови, Спасителот ја водел последната битка со омразата, напуштеноста, осаменоста. Според обичајот пред изгрејсонце се бојадисуваат (вапцат) велигденските јајца и со првото јајце им се прави на децата црвено-бело за да бидат здрави.
Според верувањата на Велики четврток или Чист четврток се чисти куќата, се става се на свое место, а останатите денови до и по Велигден не се чисти домот. Куќата се украсува со весели бои и цвеќе, празнично. Обичај е секој да се искапи на Велики Четврток со здравец-чувар на Вашето здравје. Се верувало дека на овој ден се прочистува водата и на секој му донесува убавина и здравје. За многу години Велики четврток.