Македонија

Бектеши: Mасло за јадење во државата има доволно, граѓаните непотребно купуваат и ја зголемуваат и побарувачката

“Mасло за јадење во државата има доволно. Производителите на масло за јадење во државата имаат доволно залихи и суровини и во континуитет и непречено се одвива снабдувањето со суровини за производство на масло за јадење“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија  од вчера испрати известување до сите трговици дека од денеска треба да ја ограничат продажбата на масло за јадење и дека не треба да се продава масло за јадење во пакети или палети во маркетите и кај трговците на мало.


“Граѓаните купуваат масло за јадење непотребно а со тоа ја зголемуваат и побарувачката за два пати повеќе од минатата година, а ние неколку пати укажавме дека со тоа ја влошуваат состојбата и влијае на цената. Треба да се каже јавно, дека побарувачката од страна на купувачите е зголемена повеќе од два пати од просечната, од тоа што била минатата година и од тоа што била во претходните месеци, што значи дека се купува масло за јадење непотребно и тоа сум го кажал во неколку наврати дека може да ја влошува состојбата и да влијае и во цените на маслото за јадење”, вели Бектеши.


Бектеши кажа дека укинувањето на царинската стапка од 29 отсто за увоз на масло за јадење, која беше донесена на последната седница на Владата, се однесува за билатералните договори кои ги има државата со одредени земји, а во рамките на ЦЕФТА и ЕУ и досега немало царина за таа намена.

Тој смета дека цената на маслото за јадење ќе остане во рамките од 115 до 135 денари колку што е во моментов во маркетите, ако се земе во предвид дека веќе е обезбедено снабдување со суровини за производство на масло за јадење од Бугарија, а се очекува во текот на неделава да се укине и забраната за извоз на рафинирано и нерафинирано масло за јадење од Србија

Меѓу другите, министерот Бектеши повторно апелираше до граѓаните да не прават големи залихи поради страв од недостатоци, посочувајќи дека според податоците на Заводот за статистика, едно просечно семејство во Македонија може да потроши најмногу 3 литри масло за јадење месечно.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago