Градоначалникот Ристов образложи на седница на Совет како ќе функционира проектот Зонско паркирање
Советот на Општина Радовиш, денеска ја одржа 10-та седница со дневен ред од 39 точки и една дополнителна предлог точка.
На седницата беа поставени
и неколку советнички прашања по што беше усвоен Извештајот за реализација и на Програмата
за уредување на градежно земјиште, изградба реконструкција и уредување на комунални
објекти и локални патишта за 2021 година како и Предлог Програмата за измени и
дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година.
Потоа Предлог- Програмата за измени и дополнување на предлог програмата за
изработка за урбанистички планови во Општина Радовиш за 2022 година. На седницата
беше изгласана и Предлог Програма за измена на програмата за Локален економски
развој при Општина Радовиш за 2022 година и Предлог одлука за измена на
развојната програма ИПА -Инструмент за претпристапна помош по одобрен проект -Зелена
Топлина.
Како спорна точка од дневниот ред според советничката
група на СДСМ и Коалицијата беше Предлог одлука за степен на ограничување на
јавниот простор за паркирање на
подрачјето на Општина Радовиш, за која градоначалникот Ацо Ристов даде детално
образложение зошто мора да се спроведе проектот Зонско паркирање.
„Мора да се стави ред во сообрачајниот хаос во Радовиш. Ова
беше најчестото барање во кампањата кое го поставуваа граѓаните и за кое бараа
решение“, рече меѓудругото Ристов.
Во продолжение на седницата беше усвоена Предлог одлуката
за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Радовиш како и неколку
Предлог Одлуки за усвојување на годишните сметки на основните и средното
училиште во Општина Радовиш, на детската градинка и на останатите Јавни институции
во општината.