Македонија

Мицкоски до младите: Државниот апарат е сигурно најгласниот убиец на соништата на младите луѓе

Секоја искра надеж е разградувана и газена од партиските притисоци на власта за нагласена партизација во општеството. Само во нашата Македонија за жал, партиската книшка стана посилна од парчето хартија на кое пишува Диплома за завршено високо образование, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот пред Унијата на млади сили

– Државата, Владата не велам дека е единствениот џелат за иднината на младите, но државниот апарат е сигурно најгласниот убиец на соништата на нашите млади луѓе. Епилогот на ваквото колективно самоуништување како држава се виде и со овој несреќен и некомплетен попис, потенцира Мицкоски.

Тој посочи дека речиси 200 илјади луѓе си ја побарале среќата некаде надвор од Македонија и се иселиле и оваа појава е истата рана и за младите Македонци, и за младите Албанци, и за младите Турци, Роми, Срби, Власи или Бошњаци.

– Мора да го стопираме колективното самоуништување. Мора да изградиме држава која ќе нуди можности за младите луѓе. Мора да им кажеме на младите дека нивниот сон можат да го достигнат тука во својата земја, и дека нашата заедничка Македонија е најдобрата гаранција за реализација на нивниот сон. Мора еднаш за секогаш да се престане со партизацијата на општеството, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека не смееме веќе да тонеме во истата матрица на гледање низ нишан едни со други.

– Нели сме тука да ги менуваме работите. Бидејќи секоја изгубена секунда значи загубена надеж за некој млад човек, секоја поделба значи отфрлена можност за остварување на заедничка иднина.   Мора да овозможиме младите да сонуваат и да ги остварат тие соништа, истакна Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago