Учениците и родителите заеднички ќе го уредуваат училишниот двор во ООУ „Гоце Делчев“, Конче
ООУ „Гоце Делчев“ од Конче реализира проект со кој ќе го уредува училишниот двор кој се наоѓа позади училишната зграда. Овој прокет произлегол како иницијатаива на учениците од ученичкиот парламен во училиштето, а е поддржан и од Општина Конче и ЈП Лакавица со механизација за расчистување на дворот. Од тие причини од училиштето апелираат и до родителите активно да се вклучат во завршната фаза на проектот.
„Сакаме
да ве информраме дека проектот е во завршна фаза , фаза во кој треба да се
вклучат и родителите. Потребна ни е Ваша помош во уредувањето. За таа цел
организираме акција на ден 06.04.2022 година со почеток од 08:00 чаот. Поканети
се сите родители кои сакаат да им помогнат на учениците и наставниците,
во уредувањето на училишниот двор. Родителите кои ќе дојдат на акција со себе
да си донесат мотика, лопата ,гребло или други сретства за работа. Од голема
помош за уредувањето ќе биде ако ни донирате стари гуми, палети , растенија и
слично кои ќе придонесат за поквалитетно уредување на училишниот двор“, апелираат од училиштето.
-Ајде заедно да ја поддржиме иницијативата на учениците и да си создадеме едно убаво место во кое сите ќе уживаме, а учениците ќе бидеме горди бидејќи е плод на нивна иницијатива! се додава во апелот.
Пред неколку дена во уредување на дел од училишниот двор во ООУ ,,Гоце Делчев”, активно се вклучи Општина Конче во соработка со ЈПКД ,,Лакавица” – Конче. При оваа акција беа расчистени сите растенија и дрвја кои неконтролирано го обраснале дворот, при што се створени услови за хортикултурно уредување.