Радовиш

Одбележан Светскиот ден на книгата за деца, во ОНБ Браќа Миладиновци во Радовиш, со промоција на книги за деца

По повод одбележувањето на 2 Април – Светскиот ден на книгата за деца, Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш, денеска  организира промоција на книги со песни за деца од авторот: Златко Жоглев од Битола – редовен професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот ,,Св. ,,Климент Охридски” – Битола.

Книгите беа промовирани пред дечињата а промотори беа: Даниела Андоновска – Трајковска, редовен професор на Педагошки факултет во Битола и Гордана Стојаноска – вонреден професор на Педагошки факултет во Битола.

Одбележувањето на Светскиот ден на книгата за деца е во соработка со Образовниот центар ,,Едуко“ од Радовиш чии членови беа и директни учесници на креативна работилница во библиотеката.

Овој празник се одбележува од 1967 година, а воспоставен е во чест на роденденот на славниот дански книжевник и еден од најголемите писатели за деца Ханс Кристијан Андерсен (1805 – 1875).

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago