Во пресрет на подготовка на земјоделските површини за
претстојната пролетна сеидба, кога ризикот од предизвикување на пожар на сува
трева и стрништа е поголем, Општина Радовиш апелира до жителите во населените места
и до сите земјоделски производители да бидат посебно внимателни и да не палат
оган на отворен простор за да не се предизвикуваат пожари.
„Територијата на нашата држава се соочува со зачестеност на
полски и шумски пожари кои се помогнати
од зголемувањето на температурите и сушниот период, а човечкиот фактор е
посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуват животната
средина се закануваат и по животот на граѓаните.
Општина Радовиш, упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор,особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетна сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите: Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места. Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини. Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал. Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку
се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е
најбрзо што може да го пријави во надлежните институции.
Кон апелот се приклучуваат и од ТППЕ од Радовиш и од СВР
Струмица, Полициска станица Радовиш.
„Од брзината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции“, стои во апелот.
Во
случај на пожар јавете се на следните телефони:
192- Полиција
193 -ТППЕ –Територијална противпожарна единица
195
-РЦУК –Регионален центар за управување со кризи
635-397
–ТППЕ Радовиш
634-105
– ОВР Радовиш
632-274
– РЦУК Радовиш
617-700
– Општина Радовиш