Радовиш

Пронајдено е исчезнатото дете од с. Јаргулица, кое се бараше од синоќа, по пријавувањето во полиција

Денеска (23.03.2022) околу 10.30 часот во атар на с.Покрајчево, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го пронашле малолетникот Д.И.(9) од с.Јаргулица, радовишко.

Синоќа во 22.20 часот во Полициската станица Радовиш, неговиот татко Љ.И.(41) пријавил дека тој се оддалечил од домот.

„Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба“, информира портпаролот на СВР Струмица, Полициска станица, Радовиш.

Во врска со овој случај денеска беше одржан вонреден состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш по добиената информација и пријава за исчезнато малолетно лице на 22.03.2022 година околу 21:45 часот.

Началникот на Штабот Љупче Почивалец информираше за настанатата ситуација и превземените мерки за пронаоѓање на исчезнатото малолетно лице. На состанокот беа присутни именуваните членови на Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш, и поканетите лица од повеќе институции во општината. За време на состанокот беше добиена информација дека е пронајдено малолетното лице веднаш по преземените активности.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago