Како што информира ЈЗУ „Здравствен Дом“, Радовиш, Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, во 14 општини меѓу кои и Радовиш.
На 23 март со почеток од 10 часот караванот ќе биде во централното градско подрачје односно на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ (кај рибичката) во Радовиш.
„Секој кој е заинтересиран може да го посети караванот и да биде вакциниран“, апелираат од „Здравствен дом“ Радовиш.
Освен во Радовиш, караванот на 24 март од 12 до 16 часот ќе биде на плоштадот во Струмица и на 25 март од 12 до 16 часот во Ново Село (Струмица), на пазарот.
Според последните податоци од МЗ, околу 41 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози, а само 7 проценти со трета (бустер) доза. Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена.
Покрај активностите од караванот за вакцинација кои ќе се реализираат во следните две, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.
„Инаку, статистичките податоци покажуваат дека
се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка
клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни
случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади
лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата, така
што со овој караван целта е да апелираме до сите категории граѓани кои досега
не се вакцинирале, соопштуваат од здравство.