Учениците од основните училишта
се ослободуваат од носењето маски, но мерката останува за наставниците и
техничкиот персонал,ове е една од трите
мерки кои денеска ги биле усвоени од Комисијата за заразни болести,а кои таа ќе ги препорача на Главниот кризен штаб и на усвојување
од Владата.
Другите две мерки
се, капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери,
театри, кина се зголемува од 50 отсто на 75 проценти и се укинуваат
сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти.
„Денеска имавме редовна седница на Комисијата за заразни болести на којашто прво ја разгледавме епидемиолошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките од минатата недела, но и на оние критериуми кои ги спомнавме во соопштение минатиот пат, донесовме три мерки во согласност со тој нов алгоритам на процена на ризикот“, изјави претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Тој
посочи дека на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата,
доколку сметаат дека треба да ги носат.
–
Право на избор е. Ако некој сака да носи маска, има дома возрасни членови на
семејството и сака да ги заштити, не е забрането да носи маска, но
задолжението, обврската ја укинуваме. Нема обврска за задолжително носење на
маски во училиште, појасни Петличковски.
Портпаролот
на Комисијата, Злате Мехмедовиќ рече дека засега начинот на изолација останува
ист, а мерките ќе се олабавуваат или заоструваат во зависност од епидемиолошката
состојба.
„За да не се
доведеме во ситуација како што се доведоа земјите како што се Австрија,
Германија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот
на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, истакна Мехмедовиќ.