Ќе има ли доволно огревно дрво за граѓаните и по која цена, од Подружница Плачковица -Радовиш смируваат
Граѓаните да не паничат ќе има доволно огревно дрво и за оние кои не склучиле досега договор, велат од ЈП „Национални шуми“, Подружница – Плачковица. Според раководителот Ивана Божинова поради големиот интерес за краток временски период, биле принудени да престанат со склучување договори. Но по завршувањето на тендерската постапка за сеча и превоз, како што рече Божинова ќе продолжат со склучуване на договори.
Онаку за околу еден месец биле склучени договори за 7.000 метри кубни огревно дрво за следната грејна сезона, а само за споредба за минатата сезона биле испорачани вкупно 12.000 метри кубни.
Од Подружница Плачковица велат дека огревно дрво има
доволно согласно планираната количина.
Цените засега се непромените но има најава за промена на истите, за што граѓените ќе бидат известени. Еден кубик дабово дрво се продава по цена од 2450 денари како и претходните години, а еден метар кубен бука се продава по 2370 денари . Покрај овие два вида огревно дрво има и друга категорија за која за еден кубик купувачите треба да се издвојат 1860 денари.
Инаку во јавноста се шират информации дека во моментот
само приватните компании продаваат огревно дрво, но според тоа што го утврдивме
на терен во овој период и тие не испорачуваат, и по се изгледа ќе ја анализираат состојбата,
како енергетската криза ќе се одрази врз цената. Според она што го дознаваме
тие вршат сеча на огревно дрво од закупени проватни шуми.