Радовиш

Ќе има ли ревизија на проектот за улично осветлување по ЕСКО – модел во Радовиш, расправа на седница на Совет

Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа седмата седница со дневен ред од 37 точки и со дополнителни точки од дневниот ред. Најпрво три точки од дневниот ред беа отстранети а потоа координаторот на советничката група на ВМРО -ДПМНЕ Јован Ристов, побара како дополнителна точка да се додаде и донесување на одлука за ревизија за проектот за економично улично осветлување по ЕСКО -моделм кој се реализира во Општина Радовиш.

Советничката Симона Цветаноски побара на следната седница да бидат присутни и претходниот градоначалник герасим Конзулов и претседателката на Советот Викица Манојлева, за да појаснат околу проектот, а потоа да гласаат и да донесат одлука.

Советникот Енис Омер рече дека нема потреба да се носи Одлука и дека градоначалникот има право и може да направи ревизија во секој момент, на што советникот Страхил Гавритов додаде дека не е грешка и ако Советот донесе одлука за ревизија, која градоначалникот ќе мора да ја почитува.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago