Анкетите на Институтот Социетас цивилис покажуваат дека Македонија не треба да прави отстапки за бугарските условувања за влез во ЕУ
Повеќе од две третини од анкетираните граѓани (71%) сметаат дека Македонија не треба да направи отстапки во однос на предложените историски наративи од страна на Бугарија во замена за пристапни преговори со ЕУ. 79 отсто од испитаниците не мислат дека Македонија треба да направи остапка во врска со јазикот. Одговорите покажуваат дека околу 64,5% од анкетираните граѓани не би се согласиле да се исполни ова барањењето за статусот на бугарското малцинство во Македонија во замена за бугарстко вето за членството во ЕУ. Ова се дел од наодите од истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис” во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
Во 2017 година, Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососедски односи и соработка. Договорот предвидуваше формирање на Комисија која ќе работи на заедничката историја меѓу двете договорни страни. Оваа анализа го истражуваше ставот на јавноста кон ревидирањето на националните историски наративи, вклучително и за историските личности и настани од различни историски периоди.
Анализирано според етничка припадност, јасно мнозинство од етничките Македонци (81,2%) цврсто се против ваква отстапка во однос на ова прашање, додека само 12,6% би се согласиле на исполнување на ова барање. Мнозинството етнички Албанци (50,9%) не го поддржуваат исполнувањето на овие барања дури и ако тоа го деблокира процесот на пристапување.
Од аспект на партиска припадност, резултатите покажаа дека огромно мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (82,5%) не се согласуваат за решение кое ќе значи ревизија на историјата, додека 67,1% од нивните колеги од СДСМ не се согласуваат со отстапки во овој дел.
Резултатите покажуваат дека 79% од испитаниците не мислат дека Македонија треба да направи остапка во врска со јазикот. Само 12% сметаат дека ова барање треба да се исполни доколку тоа е корисно за процесот на пристапување во ЕУ.