Во периодот од 14 до 20 февруари регистрирани се 6.119 нови
позитивни ковид случаи, што е за 29 отсто помалку во однос на претходната
недела.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за 11
отсто е намален и бројот на тестирања.
Во последните 24 часа направени се 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 од нив пеесетина во Југоистокот. Во Струмица – 33, Гевгелија – 11, Радовиш – 2 и Валандово -1.
Од
вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица, 3 од Прилеп, 2 од Скопје и по едно од Куманово и Струга. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 се регистрирани коморбидитети и сите се починати во болнички услови. Регистрирани сe 887 оздравени пациенти.
Вкупната
бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на
епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на
починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции,
со намалување од скоро 30 отсто во однос на претходната недела. Минатата недела
биле оздравени 8.797 лица.
Се намалува и бројот на луѓе на болничко
лекување. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 484
лица, 30 отсто помалку во споредба со претходна недела. Од нив 297 се на кислородна
поддршка, а 11 на механичка вентилација.