Јавно ќе биде објавено кои газди
не ја испочитувале неработната недела. Од денеска трудовите инспектори се на
терен и ќе вршат интензивни контроли во фирмите кои согласно закон
смеат да работат во недела, но за тоа мора да платат поголема дневница.
Согласно измените во законите за работни односи
и трговија од 01 јануари во недела смеат да работат само дејности каде што не
смее да има прекин во работниот процес (суштински дејности неопходни за
функционирање на општеството, дејности во кои работниот процес не смее или не
може да биде запрен) и за нив е предвидено
за најмалку 50 отсто поголема дневница и слободен ден, како и 100 отсто поголема дневница и слободен ден за оние кои работат
во несуштинските дејности и на кои ќе им биде
дозволено да работат.
Како дејности кои мора да работат за нормално функционирање на
општеството, во Законот за работни односи се наведени одгледување животни,
мешовито фармерство, вадење на јаглен и лигнит, вадење на руди на метал,
печатење и издавање на весници, производство на леб, слатки во свежа состојба и
бисквити, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси,
производство на индустриски гас, производство на метали, аптеки,
снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со
вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад идејности на санација
на околината, како и копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт.
Во
овие дејности спаѓаат и складирање и помошни дејности во превозот, објекти за
сместување, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, филмска
дејност, дејности за видео и телевизиска програма, емитување програма,
телекомуникации, информативни услужни дејности (хостирање, обработка на
податоци, интернет портали и сл.), прикажување филмови, фотографски
дејности, ветеринарни дејности, изнајмување и давање под закуп (лизинг) на
моторни возила, дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на
сигурносни системи, но и дејности на повикувачки центри.
Како
суштествени се наведени и општите дејности на јавната управа, само за итни и
неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, а кои
работи се од витално значење за државниот и јавниот интерес,
работи на одбраната, судски и правосудни дејности, работи на јавниот ред
и безбедноста, дејности на пожарникарската служба, дејности за здравствена
заштита, дејности на социјалната заштита со сместување, креативни, уметнички и
забавни дејности, дејности на музеите, дејности на зоолошки градини и природни
резервати, спортски, забавни и рекреативни дејности, погребни и слични
дејности, царинска служба на гранични премини, дејности кои имаат карактер на
помошни или придружни дејности …
Со
измените и дополнувањата на законот за трговија се регулира и работата на дел
од трговските субјекти кои ќе можат да работат во недела. Согласно законот,
трговијата на мало може да се врши во специјализирани продавници или
киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири,
филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за
туристичка дејност, како и во продавниците на бензински станици во чии рамки се
врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун.