Со новите Ковид
протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно
вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за
вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред,
ниту откако ќе пристигнат во ОК. Но, останува обврската за пополнување на
формуларот за лоцирање на патници, информираат и
Министерството за надворешни работи.
Обединетото Кралство го прифаќа македонскиот сертификат за
примени вакцини, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose
vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech;
Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за македонските граѓани ќе почне да го признава од
28 февруари 2022 г. Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту
една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено
вакцина чиј сертификат Обединетото Кралство не го признава, на пример Sputnik, информираат од македонското МНР.
Инаку на државјаните на Република Македонија
за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е
потребна важечка британска виза или дозвола за престој.
Македонските граѓани може да влезат во Франција доколку се
вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna,
AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson. Условите се
однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna,
AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за
лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза вакцина
Pfizer за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската
агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на
вакцинација.