Македонија

Мицкоски: Ќе поднесеме Декларација во македонското Собрание за да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев

Делегација од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

„Како делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Делчев. Денеска како ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме и Декларација со којашто сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии коишто се парламентарни и вонпарламентарни со една цел, да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев“, вели лидерот Христијан Мицкоски.

„Сакаат да се обидат и да ја злоупотребат положбата што се членка на ЕУ да не натераат да прифатиме дека од среден век од првото бугарско царство се до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле еден народ-Бугари. Тоа нема никогаш да го прифатиме“, потенцираше Мицкоски договарајќи на новинарско прашање во врска со средбата со бугарскиот премиер Петков.

Тој додаде дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, само ако го слават како македонски херој и македонски син Гоце Делчев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago