Валандово

Пронајдени девет мигранти на патот Валандово-Струмица во излетан автомобил, возачот побегнал

Автомобил марка „ауди„ со скопски регистарски таблички со кое се превезувале девет мигранти утринава излетал од коловозот на патот Валандово-Струмица, на почетокот на делницата „Валандовско брдо“.

Утринава околу 06.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401 Валандово-Струмица  патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале 9 лица – мигранти од Сирија.
Еден од мигрантите се здобил со телесни  повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

Мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago