Македонија

ММДЧП ги повикува европратениците да побараат да се стави крај на анти-македонските политики на ЕУ и НАТО

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува европратениците да побараат да се стави крај на анти-македонските политики на ЕУ и НАТО.

„Многу европски политичари ја осудија Бугарија поради нејзините се поголеми барања насочени против Македонија, и во нив гледаат кршење на најосновните човекови права на Македонците. Бугарија бара Македонија да си ја измени својата историја и да продолжи да го редефинира македонскиот национален идентитет – а ова го условува со блокада на македонското членство во ЕУ. Воедно, Бугарија продолжува да го негира постоењето на големото македонско малцинство, кое се соочува со дискримијација, како и на Македонците во целина“, реагира Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права.

„Со своите постапки, Бугарија продолжува по примерот на Грција, која ја блокираше Македонија со свои барања, и ѝ го наметна крајно навредливото име “Северна Македонија” (целта на ова име е да се негира македонскот национален идентитет, а Грција притоа да го преземе името “Македонија”) и откажување од големото, прогонувано македонско малцинство во Грција. Во замена за овие услови, Грција го крена ветото за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Веруваме дека повеќето европски пратеници и политичари воопшто не се свесни за разурнувачките последици од принудното менување на името, идентитетот и историјата врз Македонците ширум Балканот, како и за експоненцијалниот пораст на бројот на случаи на кршење на човековите права, говор на омраза и напади кои ги трпат Македонците по овие настани. Повеќе податоци ви се достапни тука.

Како што ММДЧП постојано укажува, режимот во Република Македонија задушува било какво несогласување против принудното менување на името, и наметнува атмосфера на страв ….

Суштината на таканаречениот македонски “конфликт” е единоставна – ниту една нација нема право да именува (или пременува) и да дефинира (или редефинира) друга нација. Згора на тоа, Бугарите и Грците не ни кријат дека нивните барања од Македонија имаат за цел да се негира постоењето и прогонот на Македонците во нивните граници. И покрај јавните изјави на бугарски и грчки политичари со кои се негира постоењето на Македонците, со кои не прогласуваат за “пониска форма на луѓе”, и се слават неодамна потпишаните договори со Македонија со кои се негира правото на Македонците на самоопределување, водачите на НАТО и ЕУ и понатаму ги прогласуваат овие договори за “дипломатски успеси”.

На пример, откако Бугарија ги најави своите директни барања Македонија да прогласи дека Македонците “потекнуваат од Бугарите”, дека македонскиот јазик е “дијалект на бугарскиот јазик”, дека “нема македонско малцинство во Бугарија”, и дека Македонците мораат да си ја сменат историјата при што ќе одречат дека Бугарија била сојузник на нацистичка Германија и окупаторска сила во Македонија за време на Втората Светска Војна, и дека “не е одговорна за депортирањето на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка”, портпаролката на ЕУ Ана Писонеро се осмели да го каже следното:

“Договорот од Преспа (со Грција), заедно со Договорот за добро-соседски односи со Бугарија, се позитивен пример во регионот и пошироко. Важно е овие билатерални договори и понатаму да се спроведуваат со добра воља”.

Од една држава и еден народ не може и не смее да се очекува да “спроведуваат со добра воља” договори потпишани со нивните угнетувачи, чија цел е да се избрише нивниот етнички идентитет и правото на само-определување.

Пратеничката на Хрватскиот Парламент и поранешна евро-пратеничка Маријана Петир вели:

“Од никој не треба да се бара да прифати принудно преименување на неговата земја и редефинирање на неговиот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. Ова не се европските вредности за кои се залагаме. На Македонците мора да им се дозволи да ги користат своето име, култура, идентитет и историја. Јас стојат со Македонија и Македонците, и ги повикувам сите мои европски колеги да ми се придружат”.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и се заблагодарува на г-ѓа Петир и ги повикува сите евро-пратеници и политичари – кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права – да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја“, стои во реакцијата од ММДЧП.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago