Според Транспаренси Интернешнл Македонија ја подобрува својата позиција во борбата против корупцијата
Објавениот ИПК за 2021 од страна на Транспаренси Интернешнл ни покажува дека корупциските нивоа се во застој насекаде, со 86% од државите кои не направиле или пак имаат многу мал развој во последните 10 години.
Транспаренси Интернешнл открива дека земјите кои не ги почитуваат граѓанските слободи имаат понизок резултат на ИПК. Самозадоволството од борбата против коруцпијата дури и кога има видливи недостатоци води до зголемување на прекршувањата на човековите права и ја поткопува демократијата, поставувајќи неправилна крива.
ИПК рангира 180 земји и територии според перцепирани нивоа на корупција во јавниот сектор на скала од 0 (многу корумпирано) до 100 (некорумпирано).
Средната ИПК оцена е 43 веќе десетта година по ред, а 2/3 од земјите имаа добиено под 50 поени.
На највисоко место на индексот се наоѓаат Данска (88), Финска (88) и Нов Зеланд (88), и сите од нив се наоѓаат во топ 10% во светот на индексот за граѓански слободи Democracy Index.
Сомалија(13), Сирија (13) и Јужен Судан (11) остануваат на дното на индексот (Сомалија и Јужен Судан се нерангирани).
27 земји- меѓу кои и Кипар (53), Либан (24) and Хондурас (23) – имаат историски најнизок скор оваа година.
Во последната декада, 154 земји или паднале надоле на индексот или немаат никаков развој.
Од 2012, 23 земји значително паднале на ИПК- вклучувајќи и напредни економии како Aвстралија (73), Канада (74) и САД (67), последната е надвор од првите 25 за прв пат на овој индекс.
25 земји значително го подобриле својот резултат, вклучувајќи ги Естонија (74), Сејшелите (70) и Ерменија (49).
Македонија во 2021 година се искачила на 87 место со 39 поени според Индексот на перцепција на корупцијата. Во 2020 година Македонија се наоѓала на 111 место со само 35 поени.
Во регионот има мало раздвижување во позициите на земјите. Најголемо искачување на листата има Македонија, односно од 111 место на табелата во 2020 година, сега се наоѓа на 87 позиција. Најголем пад има Бугарија со 9 места на табелата. Од 69-то место во 2020 година сега го зазеа 78-то место.
На најниска позиција во регионот се наоѓаат Албанија и Босна и Херцеговина и го заземаат 110то место.