Наставата со
физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по
препорака на Главниот координативен кризен штаб
Македонската Влада синоќа донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи. Наставата со физичко присуство, место на 20 јануари, ќе продолжи на 1 февруари, по препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
Главниот
координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од
коронавирусот, вчера ја одржа првата седница.
Претседателот
на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната
епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа
опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.
Како што
соопштија од Владата, одлуката нема да влијае на крајот на учебната
година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10
јуни како што е и предвидено во календарот за наставна
програма.
Комисијата
за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест
интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките
доколку се јави потреба.