Радовиш

Здружението ЦЕЛОР преку Проект анализира колкава е достапноста на јавните услуги во руралните средини

Здружението ЦЕЛОР – Центар за локален развој од Радовиш, го спроведе проектот „Достапност на јавните услуги во руралните средини“ чија цел е подобрување на пристапот на јавните услуги на жителите од руралните средини.

ЦЕЛОР ги анализираше состојбите во однос на пристапните електорнски јавни услуги во четири општини и тоа Радовиш, Конче, Штип и Карбинци, преку спроведено истражување директно на терен.

Во фокусот на истражувањето беше колкав е процентот на дигитализирани услуги, како и дигиталната писменост на граѓаните, колкава е подготвеноста на институциите, како и општините да ги доближат јавните услуги на граѓаните во руралните средини.

Според истражувањето, Општините Радовиш и Штип имаат најмногу пристапни барања и обрасци. Во општина Радовиш има пристапни 64 електронски барања.

Општината Конче пак, има само барања во областа на урбанизмот, додека останатите барања жителите ги доставуваат лично на шалтер.

Повеќето жители од населените места во четирите општини  мора да патуваат десетици километри, а некои  дури и по 50 километри за да завршат некоја јавна услуга.

Квалитетната испорака на јавните услууги е центар на вниманието на современото општество. Нивната пристапност влијае на квалитетото на животот на граѓаните.

Проектот е поддржан преку ре-грантирање на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“, спроведуван од страна на Здружението Конфиденс Скопје а е финансиран од Европската Унија.

Јавните услуги се услуги кои ги овозможува државата и тие ги означуваат сите интеракции помеѓу државата и граѓаните, како и фирмите од областа на здравството, образованието, социјалните услуги, изводи од матично и лични карти, полиција итн. Освен законската обврска за обезбедување на јавните услуги од страна на институциите, тие се и одраз на соработка и отвореност во едно демократско општество.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago