Објавен ЈАВЕН ПОВИК за распределба на
средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други физички
и правни лица од областа на културата од општина Радовиш за 2022 год.
Врз
основа Законот за локална самоуправа и Методологијата за распределба на финансиски средства на
здруженија на граѓани и други физички и правни лица од областа на културата а
согласно донесената годишна Програма за активности на Општина Радовиш во областа на културата за 2022год. градоначалникот
Ацо Ристов од денеска 11
јануари објавува JАВЕН ПОВИК за распределба на средства на здруженија на граѓани и други
физички и правни лица од областа на културата во општина Радовиш за 2022 година
;
Потребни документи за поднесување се :
-годишна
програма за работа и финансиски план за 2022 год.;
-извештај
за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2021 год.;
-копија
од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра)
или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500
евра);
-копија
од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
-потврда
за отворена и активна жиро сметка.
Период
за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на
јавниот повик, заклучно со 21.01.2022 год.
Пријавите се поднесуваат на адреса на ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш, со назнака : За јавен конкурс бр.
Пријавите
со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во
наведениот рок, нема да бидат разгледувани, стои во јавниот повик.